Разговор со Рената Анѓелкова – добитничка на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за постдипломски студии за младинска работа

Со големо задоволство ви ја претставуваме првата добитничка на стипендијата „Билјана Василевска Трајковска“ – Рената Анѓелкова од Кавадарци. Одборот за доделување на стипендијата, составен од пет члена — претставници од семејството и соработници на Биле, НМСМ, Форум ЗФД, Управниот одбор на СМР и Секретаријатот на СМР — со големо внимание Read more

[ПРОДОЛЖЕН РОК] Повик за учесници во програмата „РАБОТНИК СО МЛАДИ“

Сојузот за младинска работа (СМР) по четврти пат објавува повик за учество во програмата „Работник со млади“. Целта на оваа програма е да ги развие способностите на учесниците за планирање, спроведување, следење и евалуација на програми и активности наменети за млади.  УСЛОВИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ Кандидатот да има навршени 18 години; Read more

Jaвен повик за доделување на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“ за последипломски академски студии по младинска работа

Како дел од својата мисија да ја издигне младинската работа на национално ниво, Сојузот за младинска работа (СМР) ја доделува оваа стипендија во чест на Билјана Василевска Трајковска за нејзините незаменливи напори и огромен придонес во полето. Преку оваа стипендија, СМР продолжува да го почитува наследството на Биле и да Read more

СТАВ НА МРЕЖИ НА МЛАДИНСКИ ОРГАНИЗАЦИИ ЗА МИНИСТЕРСТВО ЗА СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА, ДЕМОГРАФИЈА И МЛАДИ

Трите најголеми мрежи во државата кои работат во поле млади, Сојуз за младинска работа, Национален младински совет на Македонија и Коалиција на младински организации СЕГА, поднесуваат отворено писмо во врска со новоформираното Министерството за социјална политика, демографија и млади. Погледнете го официјалното писмо на следниов ЛИНК.

КОНКУРС ЗА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР

Сојуз за младинска работа објавува Конкурс за избор на генерален секретар. Врз основа на член 31 и 32 од Статутот на Сојузот за младинска работа (СМР), Управниот одбор на СМР донесе одлука распишување на КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ГЕНЕРАЛЕН СЕКРЕТАР НА СМР. Сојуз за младинска работа (СМР) ги повикува сите Read more

Отворени денови во младински центри

Сојуз за младинска работа ве поканува на настаните отворени денови во младински центри. Настаните ќе се одржат од 12:00 до 14:00 часот на: 31.01.2024 Младински центар Кавадарци (Пријавување најдоцна до 29.01.2024) 15.02.2024 Младински центар Пробиштип (Пријавување најдоцна до 09.02.2024) 16.02.2024 Младински центар Битола (Пријавување најдоцна до 09.02.2024) Повеќе детали можете Read more

Национална конференција за младинска работа

„Младинските центри како неопходен сервис за младите“ и „Младинскиот работник како професија“ се темите на двата панели на Националната конференција за младинска работа која ќе се одржи на 19.12.2023 со почеток во 10:30 во хотел Александар Палас, Скопје. На оваа конференција присутните ќе се информираат и разговараат за реалната слика Read more

Оглас за вработување на Координатор на проекти

Врз основа на член 31 од Статутот, Сојузот за младинска работа (СМР) распишува Оглас за вработување на Координатор на проекти. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на СМР: smr.sojuz@gmail.com, најдоцна до 21 декември, 23:59 часот со назнака: Пријава за Координатор на проекти. Симнете го целосниот повик тука.

Отворен повик за членови на Управен одбор

Сојуз за младинска работа објавува повик за членови на Управен одбор. Во пресрет на Генералното Собрание, Сојузот за младинска работа на Македонија отвора повик за номинирање на членови на Управен одбор на СМР и ги повикува сите заинтересирани да се пријават и да бидат дел од раководството на СМР. Пријавите Read more

Повик за нови организации членки

Сојуз за младинска работа објавува повик за нови организации членки во мрежата. Во пресрет на Генералното Собрание, Сојузот за младинска работа на Македонија отвора повик за приклучување на нови организации и ги повикува сите заинтересирани правни лица, здруженија, фондации или сојузи на здруженија, кои се регистрирани во Република Македонија и Read more