Сојузот за младинска работа (СМР) е мрежа од организации – понудувачи на младинска работа. Сојузот работи на развојот на младинската работа – на нејзиното препознавање и признавање, професионализација на младинската работа, систематско следење, проценување и унапредување, со цел да се овозможи квалитетна, ефикасна и ефективна поддршка на сите млади луѓе во државата.
СМР активно се залага за унапредување на младинската работа преку учество во процеси на креирање јавни политики, застапување пред институции и иницирање дијалог со релевантни чинители. СМР се застапува за донесување на Закон за младинска работа.
Сојузот за младинска работа обучува младински работници преку креирање и спроведување на квалитетни едукативни програми, тренинзи и работилници, со цел да ги зајакне нивните капацитети, знаења и вештини за работа со млади.

Сојузот за младинска работа (СМР) е мрежа на организации посветени на унапредување, регулирање и професионализација на младинската работа во Македонија. Преку соработка со институциите и граѓанскиот сектор, СМР придонесува за развој на младински политики, поддршка на младинските работници и создавање подобри можности за младите.

„Студиите по младинска работа ми даваат можност да го надградам знаењето и да го претворам во конкретна практика. Верувам дека преку едукација и ангажман можеме да создадеме подобри услови за младите и посилна младинска работа во Македонија.“

Со посебен Закон за младинска работа ќе се обезбеди системско препознавање, регулирање и поддршка на младинската работа, како и зајакнување на улогата на младинските работници во поддршката, развојот и зајакнувањето на младите.
Квалитетна младинска работа, безбедни и инклузивни простори и можности за личен и социјален развој, достапни за секој млад човек.
Време е младинската работа да го добие местото што го заслужува – во законите, во институциите и во животот на секој млад човек!
Сојузот за младинска работа обединува организации, младински работници и партнери посветени на развојот и унапредувањето на младинската работа во Македонија.
Придружи нѝ се! Заедно градиме посилна мрежа, се залагаме за препознавање и поддршка на младинската работа и создаваме можности за младите да учествуваат, да се развиваат и да придонесуваат во своите заедници.
