Повик за избор на членови на Управниот одбор на Сојузот за младинска работа
Прилози за преземање
Согласно Статутот на Сојузот за младинска работа (СМР), Сојузот распишува:
Во пресрет на Редовното годишно собрание, Сојузот за младинска работа (СМР) отвора повик за номинирање кандидати за избор на два (2) нови члена на Управниот одбор и ги поканува сите заинтересирани и квалификувани лица да се пријават и активно да придонесат во стратешкото водење на Сојузот.
1. Услови за кандидатите и потребна документација
1.1. Номинираното лице мора да биде полнолетно (постаро од 18 години) и да поседува искуство во областа на младинската работа.
1.2. Пријавувањето се врши со доставување на следната документација:
- Формулар за пријава на кандидатот (во прилог);
- Кратка биографија (CV) на кандидатот.
1.3. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на СМР: smr.sojuz@gmail.com најдоцна до 16.12.2026 година, со назнака: „Кандидатура за член на Управниот одбор на СМР“.
2. Статутарна поставеност и надлежности на Управниот одбор
Согласно член 17 од Статутот на СМР, управувањето со организацијата во периодот меѓу две Собранија го врши Управниот одбор, кој е составен од 5 до 9 члена. Работата на членовите на Управниот одбор е на волонтерска основа. Управниот одбор се состанува најмалку еднаш месечно, а записниците од седниците се доставуваат до сите членки на Собранието. Управниот одбор може полноважно да работи и одлучува доколку на седниците присуствуваат повеќе од половина од членовите. За својата работа Управниот одбор одговара пред Собранието.
Управниот одбор на организацијата ги има следните надлежности:
- Раководи со СМР помеѓу две седници на Собранието,
- Ги спроведува заедничките одлуки и заклучоци на Собранието,
- Распишува конкурс за Генерален секретар, го избира истиот од пријавените кандидати, а по потреба може и да го разреши
- Носи извршни одлуки за работа на СМР
- Ги застапува интересите на Сојузот и неговите членки
- Учествува во обезбедувањето на финансиска поддршка за работата на СМР
- Изготвува правилници за работа на извршното тело и ги предлага до Собранието
- Поднесува извештај за својата работа пред Собранието
- Врши надзор на работата на Генералниот секретар и извршното тело
- Предлага измени и дополнувања на Статутот
- Избира Претседател од своите редови кој е и застапник на СМР
- Донесува одлуки за формирање комисии и тела за извршување работи од негова надлежност,
- Ја утврдува годишната чланарина,
- Распишува повици и избира претставници на СМР во други организации и здруженија, органи на власта и меѓународни организации,
- Работи на унапредување на дијалогот и разбирањето на целите и принципите на СМР, како и за неговиот целокупен развој и одржување на специфичниот карактер,
- Врши други работи утврдени со Закон и кои не се во надлежност на друг орган на Сојузот.
- Доставува годишен извештај за работа и финансиски извештај. Доставува финансиски извештај до надлежниот орган на државната управа, односно до органот на општините, општините во градот Скопје и градот Скопје во случаите кога користи средства од Буџетот на Република Македонија, односно буџетите на единиците на локалната самоуправа
3. Постапка за избор
Секој номиниран кандидат ќе има можност да ја претстави својата кандидатура и визија за развој на Сојузот за време на Редовното годишно собрание, кое ќе се одржи на 26.12.2026 година, во онлајн формат преку платформата Zoom. Изборот ќе се изврши по пат на тајно гласање од страна на членките на СМР на самото Собрание.

