Запознајте го Стефан Момиќ – добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајкоска“

Published by admin on

Запознајте го овогодинешниот добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајковска“ – Стефан Момиќ од Скопје. По внимателна евалуација на пристигнатите апликации и спроведените интервјуа, Стефан се издвојува со својата посветеност, јасна визија и силна мотивација за развој во областа на младинската работа.

Со Стефан разговаравме за неговите лични мотиви да продолжи со постдипломски студии по младинска работа, за искуствата што го обликувале како младински активист, но и за идните планови и професионални насоки кои ги гледа пред себе.

„Што ме мотивираше? Желбата да ги продлабочам своите знаења и да учам од професионалци.“

„Младинскиот работник е медијатор – оној што им помага на младите да го најдат своето место.“


„Знаењето ќе го применам таму каде што веќе активно придонесувам.“

Упатуваме искрени честитки до Стефан и му посакуваме успешни студии!