Запознајте го овогодинешниот добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајковска“ – Стефан Момиќ од Скопје. По внимателна евалуација на пристигнатите апликации и спроведените интервјуа, Стефан се издвојува со својата посветеност, јасна визија и силна мотивација за развој во областа на младинската работа.
Со Стефан разговаравме за неговите лични мотиви да продолжи со постдипломски студии по младинска работа, за искуствата што го обликувале како младински активист, но и за идните планови и професионални насоки кои ги гледа пред себе.
„Што ме мотивираше? Желбата да ги продлабочам своите знаења и да учам од професионалци.“
„Младинскиот работник е медијатор – оној што им помага на младите да го најдат своето место.“
„Знаењето ќе го применам таму каде што веќе активно придонесувам.“
Упатуваме искрени честитки до Стефан и му посакуваме успешни студии!
Со големо задоволство ви го претставуваме вториот добитник на стипендијата „Билјана Василевска Трајковска“– Стефан Момиќ од Скопје. На јавниот повик пристигнаа шест пријави, а по првичната проверка и административен преглед, петмина кандидати продолжија во селекцискиот процес и беа Read more
На 7 октомври 2025 година, во Подгорица се одржа регионалната конференција „Youth Work in the Western Balkans – Facing Challenges, Seizing Opportunities“, на која учество земаа организации и експерти од Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Read more
Сојуз за младинска работа Од денот на осaмостојувањето, повеќе од две декади, младинскиот глас во Македонија често се губеше меѓу институционалните ходници. Младинското организирање почна практично од нула. Со искрена верба дека младите заслужуваат место Read more