Конференција: Младинската работа НА НИВО!
Задоволство нѝ е да Ве поканиме на Конференцијата на Сојузот за младинска работа „Младинската работа НА НИВО!“ што ќе се одржи на 30. јуни, 2025 год. во Скопје.
Целта на конференцијата е да креира простор за размена и дискусија за тековни процеси и квалитетот на младинската работа на сите нивоа.
Целосната покана како и агендата за конференцијата се достапни во продолжение.
Ве очекуваме!
