Повик за нови организации членки!
Отворен повик за приклучување на нови организации членки кон Сојузот за младинска работа (СМР).

Сојузот за младинска работа (СМР) ја проширува својата мрежа и објавува повик за приклучување на нови организации членки. Доколку сте здружение, фондација или сојуз на здруженија регистрирани во Република Македонија и активно работите со и за млади, ова е можност да станете дел од национална платформа што го поддржува и работи на развојот на младинската работа!
Зошто да се приклучите?
Станете дел од заедница што обезбедува поврзување, размена на искуства и поддршка за организации и младински работници, активно работи на признавање на младинската работа, поставува стандарди за квалитет и овозможува пристап до акредитирани програми за образование и заштита на правата на младинските работници.
Пријавувањето се врши со доставување на следните документи:
- Писмо за намера;
- Статут;
- Тековна состојба (не постара од 6 месеци);
- Годишни финансиски и наративни извештаи за последните две години;
- Одлука за членство во СМР донесена од тело овластено да носи такви одлуки согласно Статутот и интерните документи на подносителот.
Пријавите треба да се испратат на smr.sojuz@gmail.com најдоцна до 20.06.2025 година, со назнака: „Кандидатура за приклучување на нови организации кон СМР“
Целиот повик е достапен ТУКА!
За дополнителни информации пишете нѝ на smr.sojuz@gmail.com.
Ги очекуваме вашите пријави!