Младинските центри и другите сервиси за млади

Второто видео од кампањата за отворање на младински центри се фокусира на разликата помеѓу младинските центри и другите сервиси за млади во согласност со Законот за младинско учество и младински политики – младински совети и канцеларии за млади. Доколку имате прашања или ви е потребна поддршка во процесот, контактирајте не Read more…

Што се младински центри?

Во рамки на кампањата за отворање младински центри во согласност со Законот за младинско учество и младински политики, објавуваме серија на кратки анимирани видеа за што се центрите, како функционираат и како се основаат. Во првото видео, објаснуваме што претставуваат младинските центри. Подетални информации се достапни во: – Законот за Read more…

Сертифицирани првите младински работници

На 11ти јуни Сојуз за младинска работа и Агенција за млади и спорт ги доделија сертификатите на 14те младински работници за завршена програма за образование на возрасни во согласност со стандардот на занимање Работник со млади. Со тоа, за прв пат во нашата земја беа препознаени сертифицирани професионалци според еден Read more…

Нови членки на СМР

На годишното Собрание на Сојуз за младинска работа одржано на 7ми мај, примени беа 3 нови организации членки – Центар за истражувања и анализи Новус – Струмица, Здружение за меѓународна младинска соработка Интерактив – Битола и Младиинфо Интернационал – Скопје. Со тоа, Сојуз за младинска работа сега има 19 организации Read more…

Повик за нови членки на СМР

Во пресрет на Генералното Собрание што ќе се одржи на 7ми мај, СМР распишува повик за приклучување на нови организации кон Сојузот за младинска работа. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на Сојузот за младинска работа: smr.sojuz@gmail.com најдоцна до 23.04.2021.  Симнете го повикот за нови членки тука

Усвоен Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри

На 7ми април 2021 година, Агенција за млади и спорт го усвои Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри, кој беше подготвен во соработка помеѓу агенцијата и Сојузот за младинска работа. Подзаконскиот акт го објаснува член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, со кој се дефинирани Read more…

Завршен настан од КА2 проект

На 30ти март со почеток во 12 часот во просториите на Филозофски факултет Скопје ќе се одржи завршен настан од Еразмус+ проектот “Creating Youth Workers – the Formal Education Edition”, што Сојуз за младинска работа го спроведува во соработка со партнерски организации и универзитети од Естонија, Ирска и Велс, а со Read more…

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА ПРОЕКТЕН КООРДИНАТОР

Врз основа на член 31 и 32 од Статутот, Сојузот за младинска работа (СМР) распишува Конкурс за избор на проектен координатор. Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на СМР: smr.sojuz@gmail.com, најдоцна до 31 март, 23:59 часот со назнака: Пријава за проектен координатор. Симнете го целосниот повик тука.

Иницијатива за основање Европска мрежа на национални асоцијации на младински работници

Во рамки на третата Европска конвенција за младинска работа, што се одржа онлајн од 7ми до 11ти декември 2020 година, започна процес за основање на Европска мрежа на национални асоцијации на младински работници. Процесот го иницираа заеднички националните асоцијации на младински работници од 12 земји, меѓу кои и Сојуз за младинска Read more…

Интеркултурно учење преку игра со карти!

Играта “Culture Beats” е забавна и динамична, а истовремено нуди можности да ги осознаете вашите лични гледишта за културата – и гледиштата на другите. “Culture Beats” е друштвена игра за 4 до 12 играчи. Достапна е за играње онлајн, а можете и да си испечатите верзија што ќе ја играте Read more…