Национална конференција за младинска работа
„Младинските центри како неопходен сервис за младите“ и „Младинскиот работник како професија“ се темите на двата панели на Националната конференција за младинска работа која ќе се одржи на 19.12.2023 со почеток во 10:30 во хотел Александар Палас, Скопје. На оваа конференција присутните ќе се информираат и разговараат за реалната слика на младинската работа во нашата држава.
На 19ти декември во Хотел Александар Палас – Скопје ќе се оддржи Национална конференција за младинска работа. Конференцијата претставува трета годишна средба на чинители во полето на млади и младинска работа. Конференцијата се спроведува со поддршка од програмата „Механизам за граѓанска отпорност“ која е финансирана од Европската Унија. На истата ќе се дискутира за моменталната состојба, достигнувањата и предизвиците во полето на младинската работа во Северна Македонија. .
Конференцијата ќе ја отворат поздравните обраќања на Андреј Наумовски – претседател на Сојуз за младинска работа, Наумче Мојсовски – директор на Агеницијата за млади и спорт и Ѓорги Тасев – соработник на Претседателот на Владата на Република Северна Македонија за млади и младински политики. Веднаш по нив, девет панелисти во два панели ќе зборуваат за младинските центри како неопходен сервис за младите и професијата младински работник. Истата ќе се затвори со доделување на сертификати за завршената програма за третата генерација на работници со млади.
Целосната агенда за настанот можете да ја погледнете на следниов ЛИНК.
Пријавувањето за учество на настанот е достапно преку пополнувањето на формуларот на следниов ЛИНК најдоцна до 15.12.2023.
Ве очекуваме!