Повик за нови организации членки
Сојуз за младинска работа објавува повик за нови организации членки во мрежата.
Во пресрет на Генералното Собрание, Сојузот за младинска работа на Македонија отвора повик за приклучување на нови организации и ги повикува сите заинтересирани правни лица, здруженија, фондации или сојузи на здруженија, кои се регистрирани во Република Македонија и работат според Законот за здруженија и фондации и законот за Црвен Крст.
Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на СМР, smr.sojuz@gmail.com најдоцна до 1.10.2023 година 23:59, со назнака: Кандидатура за приклучување на нови организации кон СМР.
За критериумите, потребните документи и повеќе детали прочитајте на следниов ЛИНК.