Отворен повик за членови на Управен одбор

Published by admin on

Сојуз за младинска работа објавува повик за членови на Управен одбор.

Во пресрет на Генералното Собрание, Сојузот за младинска работа на Македонија отвора повик за номинирање на членови на Управен одбор на СМР и ги повикува сите заинтересирани да се пријават и да бидат дел од раководството на СМР.

Пријавите треба да се испратат на електронската адреса на СМР, smr.sojuz@gmail.com најдоцна до 1.10.2023 година 23:59, со назнака: Кандидатура за член на Управен одбор на СМР.

За критериумите, потребните документи и повеќе детали прочитајте на следниов ЛИНК.