ПОВИК за учесници во програма „Младинска работа за активни и вклучени млади“
Сојузот за младинска работа (СМР) нуди можност на 20 младински работници вклучени во младинските центри и други кои работат со млади преку примена на неформални и информални методи на учење да се здобијат со нови знаења и вештини за спроведување на активности за поддршка на вработливост на младите.
Учесниците ќе се здобијат со нови знаења и вештини низ обуки за методологиите ProfilPASS и Sport4Employability, кои што ќе можат практично да ги применат во текот на програмата.
За повеќе детали за програмата и начинот на пријавување, погледнете го ПОВИКОТ.
Заинтересираните кандидати треба да се пријават со пополнување на ОВОЈ ФОРМУЛАР, најдоцна до 05.09.2023.