Магистерски студии за младинска работа
Од академската 2023/2024 година за првпат во Македонија се отвораат магистерски академски студии за младинска работа. Програмата ќе се спроведува на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Наставната програма ќе опфати 4 задолжителни и 3 изборни предмети а студентите ќе можат да се стекнат со вкупно 60 ЕКТС. Студентите наставата ќе ја следат на македонски јазик.
Дел од содржината на предметите се однесува на менаџмент во младинската работа, теорија на младинска работа, политики за млади и младинска работа, младинска работа во невладин сектор, социјална заштита, психосоцијален развој и други. Практичната настава во рамки на сите предмети ќе ја обезбедува Сојуз за младинска работа.
По успешно завршувањето на магистерските студии студентите ќе се стекнат со звањето магистер по младинска работа.