Започна eQYAL („eQuality Youth Work for All”)
На 21 март 2023 година, членовите на секретаријатот присуствуваа на состанок во Љубљана, Словенија. Овој состанок го означи почетокот на активностите за проектот „eQuality Youth Work for All”, а на истиот присуствуваа претставници од Младинска мрежа МаМа кои впрочем беа и наши домаќини како и претставници на Националната асоцијација на практичари/ки на младинска работа НАПОР.
На состанокот се разговараше за очекувањата, активностите, начинот на имплементација и комуникацијата помеѓу пратнерите. Подетално се разговараше и за првиот работен пакет кој вклучува мапирање на постоечки модели на младинска работа во географски изолираните, руралните средини и помалку развиени заедници во партнерските земји и истражување за потребите на младите и младинските работници во овие места.
Проектот „eQuality Youth Work for All” започна на 1 март 2023. Главната цел на овој проект е да промовира пристап до квалитетна и одржлива младинска работа во географски изолираните, руралните средини и помалку развиени заедници во партнерските земји и во Европа. eQYAL е поддржан од Националната агенција за европски програми и мобилност.