Барање за основање Министерство за млади и спорт
Сојуз за младинска работа со загриженост го следи процесот на реорганизација на органите на државната управа, со кој Агенција за млади и спорт би требало да се интегрира во Министерството за односи меѓу заедниците.
Со оглед на тоа што сметаме дека такво чекор сериозно ќе ги уназади започнатите процеси и ќе го оневозможи понатамошното делување со цел поддршка на младите луѓе, упатуваме јавно барање до Владата на Република Северна Македонија за основање на Министерство за млади и спорт. Убедени сме дека само на тој начин Владата ќе покаже дека грижата за младите граѓани навистина е еден од нејзините приоритети.
Повеќе информации во јавното барање.