Прес конференција за младински центри

Published by admin on

Снимка од прес конференцијата одржана на 10.12.2021 од Сојузот за младинска работа и Националниот младински совет на Македонија во соработка со Агенција за млади и спорт на Република Северна Македонија, во врска со моменталната состојба со отворањето на младински центри во согласност со Законот за младинско учество и младински политики. Настанот се одржа по повод 10ти декември – меѓународен ден на човековите права, на тема правото на младите луѓе на безбедни простори за млади во кои ќе можат да ги развиваат своите компетенции и да се градат како активни граѓани. Целосното соопштение за медиуми од пресот е достапно тука.