Обраќање до кандидатите за градоначалници
Со оглед на тоа што според Законот за младинско учество и младински политики донесен во јануари 2020, општините имаат обврска во рок од пет години да основаат најмалку еден Младински центар во соработка со локалните организации, го објавуваме овој допис со цел да им помогнеме на кандидатите на претстојните локални избори соодветно да го испланираат отворањето на младински центри центри во предизборната програма. Писмото веќе беше испратено до сите политички партии и до кандидатите кои имаат јавно објавено емаил адреса.
Сојуз за младинска работа им стои на располагање на сите идни градоначалници и општински совети во процесот на отворање младински центри во согласност со Законот.
