Истражување: Потреби на младите во културата
Драги млади!
Ве покануваме да учествувате во анкетирање важно за нас и за вас! Не’ интересира да дознаеме кои се вашите потреби и интереси во областа на културата.
Анкетирањето е дел од истражување за видливоста на културните програми и потребите на младите во областа на културата, кое се спроведува во рамки на проектот “Melting Pot” поддржан од Еразмус+ програмата, а спроведуван од здруженија и културни институции од Македонија, Србија и Хрватска.
Целта на проектот е да придонесеме кон развивање на поквалитетна младинска работа во секторот култура, па со оваа анкета сакаме подетално да ги разбереме потребите на младите, како и причините зошто многу од програмите наменети за младите не го привлекуваат нивното внимание.
Затоа, доколку си младо лице (15 – 30 години), те молиме да издвоиш 15-тина минути и искрено да ја пополниш оваа анонимна анкета. Резултатите од анкетата ќе се користат за развивање на нови програми по мерка на младите во Хрватска, Србија и Македонија, а се надеваме и пошироково иднина. Исто така, резултатите од истражувањето ќе се користат и во застапување за подобри политики за млади во областа на културата.
Линк до прашалникот: https://uyw-survey.limesurvey.net/559724?lang=mk