Усвоен Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри

Published by admin on

На 7ми април 2021 година, Агенција за млади и спорт го усвои Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри, кој беше подготвен во соработка помеѓу агенцијата и Сојузот за младинска работа. Подзаконскиот акт го објаснува член 22 од Законот за младинско учество и младински политики, со кој се дефинирани младинските центри.

Со усвојувањето на овој документ, општините можат да пристапат кон спроведување на нивната законска обврска за основање младински центри.

Правилникот за стандарди за квалитет на младинските центри е достапен во делот ресурси.