Завршен настан од КА2 проект
На 30ти март со почеток во 12 часот во просториите на Филозофски факултет Скопје ќе се одржи завршен настан од Еразмус+ проектот “Creating Youth Workers – the Formal Education Edition”, што Сојуз за младинска работа го спроведува во соработка со партнерски организации и универзитети од Естонија, Ирска и Велс, а со финансиска поддршка од Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.
На настанот ќе бидат презентирани резултатите од проектот во форма на:
- Компендиум на образовни можности за младински работници и
- Препораки за воспоставување формални образовни програми за младински работници преку меѓусекторска соработка и засновани на компетенции
Резултатите од овој проект треба да послужат како основа за воспоставување на програми за формално образование на младински работници во нашата земја, а на овој настан ќе биде отворена дискусија во врска со можните наредни чекори во таа насока.
Сите заинтересирани за учество во настанот треба да се регистрираат на https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdDDaDB4wFr1r67U3xjRWFJBexypNcw9oGh4NQAPt3s4HZcuQ/viewform?gxids=7628.