Иницијатива за основање Европска мрежа на национални асоцијации на младински работници
Во рамки на третата Европска конвенција за младинска работа, што се одржа онлајн од 7ми до 11ти декември 2020 година, започна процес за основање на Европска мрежа на национални асоцијации на младински работници. Процесот го иницираа заеднички националните асоцијации на младински работници од 12 земји, меѓу кои и Сојуз за младинска работа од Македонија.
Европската мрежа на национални асоцијации на младински работници ќе се залага за подобро препознавање, сертификација и валидација на младинската работа како занимање и професија, и ќе го поддржува професионалниот развој на младинските работници преку развивање на систематска меѓународна соработка и можности за размена. Истовремено, мрежата ќе се стреми да прерасне во еднаков партнер со институциите што носат одлуки на европско ниво во врска со младинската работа.
На крајот од конвенцијата, 12те национални асоцијации излегоа со заедничко известување, кое можете да го прочитате тука. Оригиналната верзија на известувањето на англиски јазик можете да ја пристапите тука.

Потребата за формирање на ваква европска мрежа беше потврдена и од организаторите на конвенцијата и се најде во финалната декларација на настанот како една од конкретните мерки за препознавање на младинската работа и улогата на младинските работници. Целиот текст од декларацијата можете да го прочитате тука.
Во текот на првите месеци од наредната година ќе бидат одржани дополнителни состаноци на кои ќе биде дефинирана структурата на мрежата и да развиеме акциски план за наредните чекори.