Програма за образование на возрасните Работник со млади

Published by admin on

Како верификувана институција за образование на возрасните, Сојуз за младинска работа во декември 2020 година започнува со спроведување на програмата Работник со млади. 15 младински работници од повеќе организации ќе бидат дел од првата група која ќе учествува во четиримесчна обука за Работници со млади, врз основа на стандардот на занимање одобрен од Министерство за труд и социјална политика во 2018 година.

Повикот за учесници е отворен до 4 декември, а формуларот за пријавување е достапен тука:

Обуката се спроведува како дел од проектот “Образовни можности за младински работници”, со поддршка од Агенција за млади и спорт