Студиска посета на Универзитетот од Талин, Естонија

Published by admin on

Во рамки на проектот Creating Youth Workers – The Formal Education Edition (Создавање младински работници – формално образование), претставници на Сојуз за младинска работа и Филозофски Факултет – Скопје од 24 до 28 февруари учествуваа во студиска посета на Универзитетот од Талин, Естонија. Посетата вклучуваше средби со младински работници и професори по младинска работа, со претставници од Националната агенција на Естонија за Програмата Еразмус+, Националниот центар за младинска работа и со кровните организации на млади, младински работници и младински центри.

Проектот Creating Youth Workers – The Formal Education Edition се спроведува во рамки на Клучна акција 2 – Стратешки партнерства во областа млади и е поддржан од Националната агенција за европски образовни проргами и мобилност. Како резултат од проектот, ќе бидат објавени два финални продукти:

  • Компендиум на образовни можности за младински работници во Велс, Исрка, Естонија и Северна Македонија и 
  • Насоки за иновативен меѓусекторски пристап во развојот на формални образовни можности засновани на неопходните компетенции на младински работници.