СМР подготвува е-курс и игра за меѓукултурно учење
Во јануари и февруари заедно со нашите партнери BalkanIDEA Novi Sad започнавме со подготовките за креирање на е-курс и игра кој се дел од активностите во проектот DEEP – Diversity Educational E-Resource Project. Преку курсот, младински работници од Западен Балкан ќе учат како да применуваат различни пристапи, методи и алатки за интеркултурно учење во младинска работа, а играта ќе може да се користи со млади луѓе на тема меѓукултурно учење.
Курсот и играта ќе бидат пилотирани во текот на јуни, а финалните верзии ќе бидат готову во септември. Содржината на проектните активности и продукти се eдинствена одговорност на Сојуз за младинска работа и BalkanIDEA Novi Sad. Истата нужно не ги претставува ставовите на Regional Youth Cooperation Office – RYCO и UNPBF.