Јовче Крстески

Име и презимеЈовче Крстески
ОпштинаБитола
Кратка биографијаСертифициран работник со млади во 2021 година преку Сојуз за младинска работа.

Јовче Крстески има долгогодишно искуство како координатор на волонтерски активности во ИМКА (од 2007 година), како и на активности поврзани со креативно изразување на младите; се јавува како групен лидер на младински размени, како и во организирање и спроведување на програма на летни кампови соодветна за млади (на теми поврзани со ментално здравје, вработливост, екологија и младинско учество). Од 2023, со отворањето на Младинскиот центар Битола, ангажиран е како младински работник кој организира и спроведува активности за млади.

Има учествувано на различни обуки, а како особено значајни за својата работа ги истакнува: „Методологија за проценка на компетенции ProfilPASS за млади – започни ја својата кариера! во процес на советување на млади од ранливи категории” (септември, 2023; Сојуз за младинска работа и Центар за доживотно учење); „НЛП – Нова јазична пракса, коучинг тренинг за младински работници“ (јануари-сепрември, 2023; Смокинја Фондација); „Интегративна сложеност (ИС) – подобрување на решавањето конфликти“ (ноември, 2018; ИС Мислење (Кембриџ) Лтд.); „Супервизија во младинската работа“ (август-септември, 2013; ИМКА/ИФКА Исланд).
   
За повеќе информации за професионалното искуство на Јовче Крстески, погледнете ја кратката биографија.
Контактkrsteskijovan2@gmail.com