Стефан Каракачанов

Име и презимеСтефан Каракачанов
ОпштинаВелес
Кратка биографијаСертифициран работник со млади во 2021 година преку Сојуз за младинска работа.

Стефан Каракачанов се запознава со светот на младинската работа во локалниот клуб „Учиме право“ на Младинскиот образовен форум во Велес, од каде, по запишување на правни студии, продолжува да се ангажира како Предавач во локалниот клуб. Соработката со МОФ ја продолжува како член на програмата за истражување, анализа и креирање на младински и образовни политики и како координатор на логистика на Школа за претприемништво „Од идеја до страт ап“.

Локално, бил особено активен како член на Управен одбор при Фондацијата за локален развој и демократија „ФОКУС“ – Велес (два мандата). Како значајно искуство го истакнува и проектот „What worries youth in enlargement countries“ на Civil Rights Defenders, каде учествува како застапник на младински политики и истражувач за младински проблеми и го презентира личното национално истражување во Европски парламент во Брисел.
Контактstefankarakacanov38@gmail.com