Срна Мајсторовиќ

Име и презимеСрна Мајсторовиќ
ОпштинаАеродром, Скопје
Кратка биографијаСертифициран работник со млади во 2022 година преку Сојуз за младинска работа.

Срна Мајсторовиќ е член и учесник во неформалното образование преку извидничката програма и организација повеќе од 15 години, од кои 10 години активен волонтер во матичната организација – Извидничко Поречански Одред Галеб, а 3 години активен волонтер во мрежната организација – Сојуз на извидници на Македонија. Дополнително, 3 години професионално е ангажирана во улогата на програмски координатор во СИМ. Учествувала во бројни акции и иницијативи за придонес на локалната, националната и меѓународната заедница; фасилитирала, организирала и иницирала активности, обуки, кампањи и настани со цел подобрување на стандардот на младите во државата и придонес во нивниот личен развој.

Има учествувано на различни обуки, а како особено значајни за својата работа ги истакнува: Обука за подготовка на Еразмус+ проекти, клучна акција 2 (ноември, 2021; Здружение за дислексија „Ајнштајн”); Project Green Course (08.-12.2021; Student Organization “Turning Green”); Школа за инструктори (декември, 2022; Сојуз на извидници на Македонија); Тренинг за консултанти за социјално влијание (септември, 2023; World Organization of the Scout Movement); Обука за правни и финансиски аспекти на работата на граѓанските организации (декември, 2022; Македонско здружение на млади правници).  
Контактsmajstorovic@gmail.com 
тел: 078 441 811