Препознавање

Препознавањето на младинската работа е значаен чекор кон нејзиното етаблирање како значајна општествена дејност. Постојат три основни нивоа на препознавање: самопрепознавање од секторот, препознавање од државните органи, и широко општествено препознавање. Тесно поврзано со препознавањето од државните органи е и формалното признавање на младинската работа.

Hедостатокот од препознавање и признавање на младинската работа во Македонија беше идентификуван како еден од основните предизвици уште од основањето на Сојузот за младинска работа, . Единствениот документ што поимно ја определуваше младинската работа во 2013 година беше Националната стратегија за млади од 2005та до 2015та, но дефиницијата и целните интервенции во овој документ не беа соодветни на вистинското значење на младинската работа. Ваквата состојба влијаеше за недоволна препознаеност на младинската работа во нашата земја на сите три нивоа: 

Во 2013 година СМР подготви рамка за дефинирање на младинската работа, што содржеше и поимник на основните термини. Овој документ послужи како основа за застапување за признавање и препознавање на младинската работа во Македонија. Како резултат на активностите на СМР, Националната стратегија за млади од 2016та до 2025та година ја дефинира младинската работа како една од деветте тематски приоритети. Во овој документ за прв пат младинската работа беше поимно определена на начин што беше прифатлив за понудувачите на младинска работа.

Со Законот за младинско учество и младински политики донесен во јануари 2020 година, младинската работа и младинскиот работник за прв пат беа дефинирани со законски акт. Овој закон за прв пат дефинираше и младински центри, како еден од видовите сервиси за млади. Младинската работа доби дополнително препознавање во Националната стратегија за млади 2023-2027.

Една од долгорочните стратешки определби на Сојузот за младинска работа е донесување Закон за младинска работа, кој ќе ги регулира сите значајни прашања поврзани со младинската работа. До сега беа спроведени два неуспешни обиди за донесување на ваков закон: првиот во 2014 а вториот во 2019 година. Во наредниот период СМР ќе продолжи да ја застапува потребата од донесување на Закон за младинска работа и ќе соработува со државните органи за остварување на оваа цел.

Во меѓувреме, СМР континуирано работи на самопризнавањето и општественото препознавање на младинската работа, преку активности за промоција на младинската работа и потребата од неа.

Основни дефиниции од значење за младинската работа

Локалната младинска работа претставува организиран и систематски процес на едукација и поддршка на автентичниот развој на младите со цел остварување на нивниот целокупен личен, социјален и општествен потенцијал

Национална стратегија за млади 2016-2025

Младинската работа претставува организиран и систематски процес на едукација и поддршка на автентичниот развој на младите со цел остварување на нивниот целокупен личен, социјален и општествен потенцијал и нивно активно вклучување во животот на заедницата

Закон за младинско учество и младински политики

младински работници се квалификувани лица кои поседуваат компетенции за работа со млади луѓе спроведувајќи активности со кои се поддржува нивниот личен и социјален развој преку неформално и информално учење

Закон за младинско учество и младински политики