Создавање младински работници – формално образование
Со поддршка на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, во 2019та година Сојуз за младинска работа започна со спроведување на проектот “Создавање младински работници – формално образование” (Creating Youth Workers – The Formal Education Edition) во рамки на Клучна акција 2 – Стратешки партнерства во областа млади. Проектот се спроведува во партнерство со организациите People and Work Unit од Велика Британија и Beyond 96 Youth Club од Ирска, и Универзитетот од Талин, Естонија (University of Tallinn). Како придружни партнери во проектот се вклучени: Универзитетот на Јужен Велс (South Wales University) од Велика Британија, Универзитетот Мејнут (Maynooth University) и Филозофскиот факултет при Универзитетот св. Кирил и Методиј од Скопје.
Главна цел на проектот е да се подобри пристапот на младите луѓе на квалитетна младинска работа и да се придонесе кон поголемо разбирање на професионализацијата и развојот на квалитет во младинската работа во Европа, преку изготвување на нов пристап за развој на кохерентни и флексибилни едукативни програми за младински работници, засновани на потребните компетенции и земајќи ги во предвид постоечките практики, новите трендови и разноврсноста на младинската работа. Во рамки на овој проект се споредуваат формалните и неформалните пристапи и програми во полето на младинската работа во Велс, Ирска, Естонија и Северна Македонија, и се идентификуваат клучни фактори што треба да бидат земени во предвид при развој на нови програми.
Како резултат од проектот, објавени се два финални продукти:
- Компендиум на образовни можности за младински работници во Велс, Исрка, Естонија и Северна Македонија и
- Насоки за иновативен меѓусекторски пристап во развојот на формални образовни можности засновани на неопходните компетенции на младински работници.
Активностите на проектот вклучуваат координативни состаноци, студиска посета на Универзитетот во Талин, како и завршни настани за промоција на резултатите.
Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност во висина од 57.497 евра.