Обединети младински работници
Проектот “Обединети младински работници” беше спроведен во текот на 2015 и 2016 година од страна на организациите членки на Сојузот за младинска работа МКЦ-Битола и Креактив, во партнерство со мрежата на младински работници на Србија НАПОР и мрежата на младински организации од југоисточна Европа SEEYN.
Главна цел на проектот беше да се зајакнат институционалните механизми за соработка помеѓу младинските здруженија и органите на државната власт како еднакви партнери во процесот на креирање политики и носење одлуки во полето на младинската работа. Во рамки на проектот беа спроведени следните активности:
- фокус групи со членови на младински организации и организации со млади
- регионална конференција за споделување на добри практики во југоисточна Европа
- издавање публикација со добри практики и анализа на политиките за младинска работа во регионот
- работилници со членови на Сојузот за младинска работа за јакнење на капацитетите на организацијата
- обуки за вмрежување и добро управување со младински организации
- состаноци и дискусии со претставници од органи на државната власт
- студиска посета за претставници од Сојузот за младинска работа на НАПОР
- работилници за креирање концепт за акредитација на младинскиот работник како квалификација и за развивање на тренинг модул за младинска работа
- пилотирање на тренинг модулот за младинска работа
Како директен резултат од овој проект во 2017 до Центарот за стручно образование и обука беше поднесена иницијатива за изготвување на стандард на занимање младински работник. Подносители на иницијативата беа МКЦ-Битола, Сојуз за младинска работа, Агенција за млади и спорт и Коалиција на младински организации СЕГА. Со одлука на Министерството за труд и социјална политика, во 2018 година беше донесен првиот стандард на занимање во младинската работа, со назив Работник со млади.
Проектот беше спроведен со финансиска поддршка од ИПА Програмата во висина од 125.000 евра.