Едукативни електронски ресурси за разновидност

Со поддршка на Регионалната младинска канцеларија за соработка (РИКО – RYCO), Сојуз за младинска работа започна со спроведување на проект за развој на едукативни електронски ресурси за разноврсност, под назив DEEP – Diversity Educational E-Resource Project. Проектот се спроведува во партнерство со организацијата Балкан Идеа од Србија.

Со проектот на младинските работници им се овозможува пристап до модерни и креативни ресурси што ќе го поддржат развојот на нивните капацитети за користење на различни, иновативни и креативни форми и алатки за вклучување на младите во процеси на меѓукултурно учење. Со тоа ќе се зајакнат компетенциите на младинските работници и ќе се подобри регионалната соработка меѓу младинските работници, а ќе се подобрат и квалитетот и влијанието на идните проекти во полето на меѓукултурно учење со млади во регионот. Како резултат од проектот бea подготвени и издадени два финални продукти:

  1. електронски (онлајн) курс за младински работници за користење на разновидни и разноврсни форми, пристапи и алатки за вклучување на младите луѓе од Западен Балкан во меѓукултурно учење
  2. “Culture Beats” – игра која може да се користи со млади луѓе на тема интеркултурно учење

Во рамки на проектот беше спроведено пилотирање на двата продукти со целните групи – младински работници и млади луѓе од Северна Македонија и Србија. Двата продукти се објавени на три јазици: македонски, српски и албански. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од РИКО – Регионалната младинска канцеларија за соработка и United Nations Peacebuilding Fund (UNPBF) во висина од 14.340 евра.