Поддршка на долгорочни резултати во младинската работа
Проектот “Поддршка на долгорочни резултати во младинската работа” SLOW Youth Work – Supporting Long-term Outcomes in Youth Work го спроведува невладината организација ContextED од Латвија, како Стратешко партнерство во рамки на клучна акција 2 од програмата Еразмус+. Главна цел на проектот е да се промовира долгорочниот и инклузивен пристап кон креирањето на политики и практики за младинска работа во партнерските земји и низ Европа, преку иницирање дискусии и наоѓање соодветни одговори на пристапите на младинска работа што се мотивирани од брзи резултати.
Како резултат од проектот ќе бидат издадени три продукти:
- Извештај за влијанието на политиките и практиките ориентирани на брзи резултати
- Компендиум и препораки за дизајнирање на “бавни” практики во младинската работа
- Документ за политики наменет за застапување на пристапи во младинската работа што промовираат долгорочни и инклузивни пристапи.
Сојуз за младинска работа е вклучен како партнер во овој проект.