Наташа Дарков
Име и презиме | Наташа Дарков |
Општина | Битола |
Кратка биографија | Сертифициран работник со млади во 2023 година преку Сојуз за младинска работа. Наташа Дарков започнува волонтерски да се ангажира во културни и спортски настани во Битола заедно со поголема група млади со слични интереси уште во 2015 година, Преку бројни активности и неформално образование постојано ги зголемува своите знаења и вештини со цел да им помага на младите и да влијае на мотивацијата да си ги пронајдат своите потенцијали и да ги примениваат на соодветното место, без разлика дали се работи за волонтирање, организирање настани, практиканство и сл. Од почетокот на 2023 година работи во Младинската асоцијација ИМКА – Битола во секторот на дигитално образование на млади (што опфаќа повеќе од 600 млади само во првата година), но исто така вклучена е и во работата на ЕКО Камп за млади и врсничка школа за ментално здравје на деца и млади. Има учествувано на различни обуки, семинари, вебинари и конференции кои имаат големо значење за младинската работа, а како особено значајни за својата работа ги истакнува: „Младински активизам против корупцијата“ (март, 2023 и октомври, 2023; ФОРУМ ЦСРД, ЦЕРИ, ЦИВИКА МОБИЛИТАС); Exploring European volunteering (јануари, 2023; Richter – the Cultural European Innovators); MIND U – importance of mental health for youth workers (јануари, 2024; Muévete por Europa). За повеќе информации за професионалното искуство на Наташа Дарков, погледнете ја кратката биографија. |
Контакт | nataska_jjj@hotmail.com тел: 078 237 071 |