Младински центар во секоја општина

Со финансиска поддршка од Европската унија: Tехничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија, во јули 2023 година Сојуз за младинска работа започна со спроведување на проектот “Младински центар во секоја општина”. Главни цели на проектот се:

  • Да се зајакнат капацитетите на СМР за застапување за младинска работа
  • Да се придонесе кон спроведување на делот за младинска работа од Законот за младинско учество и младински политики
  • Да се зајакне видливоста на СМР како поддржувач и следач на политиките за младинска работа и процесите за основање младински центри во согланост со Законот и Правилникот за стандарди на квалитет на младинските центри

Во рамки на проектот, предвидено е да се одржат повеќе од 20 состаноци со општини и организации, 3 отворени денови денови во младински центри и завршна национална конференција за младинска работа. Ќе бидат развиени и алатки за оценување на квалитетот на младинските центри, ќе бидат обучени оценувачите од базата воспоставена од Агенција за млади и спорт, и ќе биде пилотиран процесот на оценување на младинските центри. Членките на Сојузот за младинска работа ќе бидат обучени за лобирање и застапување за младински центри, а ќе бидат изработени промотивни материјали и ќе биде спроведена онлајн кампања за промоција на центрите.