Мартина Јачевска

Име и презимеМартина Јачевска
ОпштинаПробиштип
Кратка биографијаСертифициран работник со млади во 2021 година преку Сојуз за младинска работа.

Мартина Јачевска е младинска работничка и координаторка на Младински центар Пробиштип од јануари, 2023 година. Има неколкугодишно претходно искуство во работа со млади како младински активист и како дел од организацијата ГРИТ – Пробиштип. Како дел од Секретаријатот на Сојуз за младинска работа се има стекнато со значајно познавање и искуство во работата на политики и процеси на национално и меѓународно ниво во областа младинска работа.

Има учествувано на различни обуки, а како особено значајна за својата работа ја истакнува „Advanced Facilitation Training/Online Dialogue Facilitator” (јануари-март, 2020; Soliya) по која има фацилитирано специјализирани он-лајн дијалог програми за интернационални групи млади неколку семестри.

За повеќе информации за професионалното искуство на Мартина Јачевска, погледнете ја кратката биографија.
Контактm.jacevska@gmail.com