Мартина Илиевска
Име и презиме | Мартина Илиевска |
Општина | Град Скопје |
Кратка биографија | Сертифициран работник со млади во 2021 година преку Сојуз за младинска работа. Мартина Илиевска има повеќе од 10 години искуство во младинска работа со главен фокус на младински и образовни истражувања како и застапување на политики. Претежно работела на истражувања на теми кои ги засегаат младите во насока на креирање на препораки и заклучоци кои што би биле основа за застапување кај институциите и креирање на политики базирани на докази. Како обучувач со има одржано низа на обуки од областите на образование (средношколско и студентско организирање), младински политики и застапување, како и алатки и методологија на истражување. Има учествувано на различни обуки, а како особено значајна за својата работа ја истакнува обуката за Мониторинг и евалуација (октомври, 2017; Фондација Песталоци – Троген, Швајцарија). За повеќе информации за професионалното искуство на Мартина Илиевска, погледнете ја кратката биографија. |
Контакт | martina.ilievska@gmail.com |