Марија Бандулова Тасева

Име и презимеМарија Бандулова Тасева
ОпштинаСтрумички микро-регион
Кратка биографијаСертифициран работник со млади во 2023 година преку Сојуз за младинска работа.

Марија Бандулова Тасева е посветена на развојот на младите и нивната улога во заедницата како младински активист и учесник  и иницијатор на активности и проекти за млади повеќе од 10 години; таа кажува дека “- Од организирање на кампањи за освестување, до проекти за поддршка на млади претприемачи, мојата работа секогаш е насочена кон поддршка и стимулирање на младите да ги достигнат своите цели.“ Како дел од тимот, учествувала во процесот за изработка на Стратегијата за млади на О.Струмица за периодот 2023-2027. 

Има учествувано на различни обуки, а како особено значајни за својата работа ги истакнува: Сертифициран LEAD MK Тренер за развивање лидерски потенцијал на млади (2017-2019; Проект за граѓанско учество на УСАИД); Сертифициран ОБСЕ Тренер за младински политики (2018-2019; ОБСЕ); Ментор – потреба од младински активизам наменета за членовите на Младински совет (април, 2019; ОБСЕ); Младинската вклученост во процесите на донесување одлуки на локално и национално ниво (септември, 2020; Центар за анализи и истражување НОВУС); Сертифициран EDYN Тренер за застапување младински политики и политички вештини (2020; European Democracy Youth Network – HQ Bratislava).      

За повеќе информации за професионалното искуство на Марија Бандулова Тасева, погледнете ја кратката биографија.
Контактmariabandulova@gmail.com