Сојуз за младинска работа
Сојузот за младинска работа (СМР) е мрежа на понудувачи на младинска работа – младински организации и организации кои работат со и за младите, чијашто мисија е регулирање и стандардизација на младинската работа, поддршка на младинските работници и подигање на јавната свест за значењето на младинската работа. Визијата на СМР е младинска работа е признаена како професија и изграден систем за поддршка на млади и младински работници.
Основната цел на СМР е препознавање и признавање на младинската работа, нејзино следење, проценување, унапредување и континуиран развој заради обезбедување квалитетна, ефикасна и ефективна поддршка на младиот човек.
Задачи на Сојузот за младинска работа се:
- поврзување, односно олеснување и/или водење на процесот на поврзување, меѓусебна помош и поддршка, размена на искуства и соработка на младинските работници, младинските организации и други организации понудувачи на младинската работа;
- афирмација и водење на процеси и постапки за препознавање и признавање на вредностите од младинската работа (самопризнавање, општествено, формално и политичко признавање);
- поставување стандарди и критериуми за квалитет, следење и контрола на квалитетот на младинската работа и негово континуирано унапредување;
- водење на националните процеси на образование на младински работници преку стандардизирани и акредитирани програми, самостојно и во соработка со образовните институции;
- креирање на датабаза на младински работници и понудувачи на младинска работа;
- подобрување на пристапот и заштита на правата на младинските работници.