Партнерства
Сојуз за младинска работа континуирано соработува со органи на државната управа на тековните процеси за признавање и препознавање на младинската работа. Од 2017 година СМР е член на работната група за младинска работа основана од страна на Владата на Република Македонија. Главен партнер на СМР во сите тековни процеси е Агенција за млади и спорт. Целите и полињата на соработка помеѓу двете страни се уредени со Меморандум за соработка.
Во полето на воспоставување формално образование за младински работници во Македонија, СМР соработува со Институтот за социјална работа и социјална политика што функционира во склоп на Филозофскиот Факултет од Скопје.
СМР во сите процеси соработува со Националниот младински совет на Македонија, како највисоко претставничко тело на младите во земјата. Покрај тоа, соработка континуирано се остварува и со Коалицијата на младински организации СЕГА, како и со другите организации понудувачи на младинска работа кои не се дел од СМР.
На меѓународно поле, СМР соработува со други мрежи на понудувачи на младинска работа, асоцијации на младински работници, други организации што се активни во полето на младинската работа, и со универзитети што нудат образование за младински работници.