Елена Крстеска Ангелова

Име и презимеЕлена Крстеска Ангелова
ОпштинаМакедонски Брод
Кратка биографијаСертифициран работник со млади во 2023 година преку Сојуз за младинска работа.

Елена Крстеска Ангелова има особен интерес за дизајнирање на проекти и програми за работа со млади, а има спроведено и локално истражување за потребите на младите и нивно учество во локалната заедница. Таа е активен соработник на Локалниот младински совет на О. Македонски Брод.

Има учествувано во повеќе обуки, а како особено значајна за својата работа ја истакнува обуката за „Младински активизам против корупцијата“ (октомври, 2023; Форум-Центар за стратешки истражувања и документација, Центар за европски развој и интеграција и Импетус). 

Контактelena.mladinskirabotnik@gmail.com