Датабаза на сертифицирани младински работници
Врз основа на стандардот за занимањето „Работник со млади“ развени се и акредитирани програми за обуки за возрасните од страна на Сојузот за младинска работа и Коалицијата на младински организации СЕГА – кои се акредитирани како установи за образование на возрасни и ја нудат оваа обука.
Првата сертифицирана обука за работници со млади во Македонија е организирана и спроведена од Сојузот за младинска работа во периодот декември 2020 – април 2021 година; истата упешно ја завршија 14 учесници кои ја претставуваат првата генерација сертифицирани работници со млади. До денес, преку обуките на Сојузот за младинска работа и Коалицијата СЕГА, сертифицирани се вкупно 45 работници со млади, дел од кои веќе работат во младински центри и други младински простори.
Во продолжение е листа на сертифицираните работници со млади, општини каде делуваат, нивни контакти и кратки информации за нивното искуство.
Редоследот во листата е направен според генерацијата (година на сертификација на младинскиот работник) и азбучен ред според презимето.