Валентино Нанев

Име и презимеВалентино Нанев
ОпштинаПробиштип
Кратка биографијаСертифициран работник со млади во 2023 година преку Сојуз за младинска работа.

Валентино Нанев го започнува своето искуство во младинската работа во февруари 2023 година со вработувањето во младинската организација ГРИТ од Пробиштип како проектен координатор на ГРИТ – Велнес ќоше, каде прв пат добива можност да креира, спроведувам и координира активности наменети за млади, Вклучен е и во работата на Младинскиот Центар во Пробиштип од неговото основање и во текот на 2023-та има испланирано и спроведено над 30 активности за младите од Пробиштип на различни теми наменети за нивен професионален и персонален развој. 

Своите капацитети и компетенции како младински работник континуирано ги унапредува преку учество на обуки за нови методологии, нови вештини и алатки кои подоцна активно и адекватно ги применува во својата секојдневна работа и креација на можности за младите од Пробиштип; Како особено значајни за својата работа ги истакнува: Програма за долготрајно влијание од младинска работа (февруари, 2023; НАПОР – Србија); Обука за меки вештини (март, 2023; НМСМ, ЛЕАД); Летен камп Маврово: Обука за социјална инклузија, интеркултурен дијалог и решавање на конфликти на територијата на Западен Балкан (јули, 2023; ГИЗ, Форум ЗФД, РИКО); Обука за младински работници за ProfilPASS методологија за советници за кариера (септември, 2023; Сојуз за младинска работа); Обука за младински работници за Спорт за развој на вештини за вработување (ноември, 2023; Сојуз за младинска работа).

За повеќе информации за професионалното искуство на Валентино Нанев, погледнете ја кратката биографија.
Контактvalentinonanev@gmail.com