Бошко Софијанов

Име и презиме | Бошко Софијанов |
Општина | Гевгелија |
Кратка биографија | Сертифициран работник со млади во 2021 година преку Сојуз за младинска работа. Бошко Софијанов се вклучува во младински активности од 2012 година преку младинскиот клуб БУМ (Бран успешна младина) – Гевгелија што во тоа време ги спроведува програмите „Учиме право“ и „Дебатна програма за средношколци“ на МОФ. Покрај тоа, има фасилитирано различни настани за млади поврзани со младински прашања и човекови права. Подоцна, како дел од Регионалниот центар за одржлив развој – Гевгелија, се вклучува во спроведување на различни проекти преку што се стекнува со искуство и вештини за пишување проектни апликации, управување со проекти, истражување. Има учествувано на различни обуки, а како особено значајни за својата работа ги истакнува: циклус обуки за Британска парламентарна дебата (2013); Обука за предавач на програмата „Учиме право“ (2014; Младински образовен форум); Обука за набљудувач на мерката за Младинска Гаранција (2022; Национален младински совет). За повеќе информации за професионалното искуство на Бошко Софијанов, погледнете ја кратката биографија. |
Контакт | boskosofijanov@yahoo.com |