Арт Схапиу
Име и презиме | Арт Спахиу |
Општина | Гостивар |
Кратка биохрафија | Сертифициран работник со млади во 2023 година преку Коалиција на младински организации СЕГА. Арт Спахиу го започнува своето искуство со младинска работа со основањето на Organized Youth Association – OYA и водењето на Младинскиот Ресурсен Центар iCan во Гостивар, каде секојдневно работи со млади. Младинскиот Ресурсен Центар iCan во Гостивар е стимулативна средина каде што младите можат да се развиваат и да ги откриваат своите потенцијали и да ги градат своите капацитети: да ги истражуваат своите интереси, да учат, да соработуваат и да споделуваат и реализираат идеи. Арт Спахиу има особен интерес во младинското учество, самиот учествува во креирање на локалната младинска стратегија и други стратешки документи со цел да обликува пристапи и програми кои ги задоволуваат потребите на младите во заедницата. Верува дека младите се креатори на промените и дека нивната енергија и креативност може да ја трансформираат заедницата и преку младинската работа, посветен е да го подига гласот на младите и да создава платформа за нивно активно учество во формирањето на подобрено и инклузивно општество. Тој е еден од најгласните актери за исполнување на законските одредби на локално ниво од Законот за младинско учество и младински политики, што смета дека е критично за развојот на учеството и влијанието на младите во друштвото. |
Контакт | artspah@gmail.com тел: 072 224 069 |