Ана Марија Јованова

Име и презиме | Ана Марија Јованова |
Општина | Струмица |
Кратка биографија | Сертифициран работник со млади во 2023 година преку Сојуз за младинска работа. Ана Марија Јованова рано го открива својот интерес за младинската работа кога започнува да волонтира и да се вкучувам во настани за млади на Центарот за истражување и анализи „Новус” – Струмица, а од 2021 година активно се вклучува во интензивни обуки и активности со цел да ја разбере суштината и правецот на младинската работа и да ги развива своите компетенции. Стекнатите знаења и вештини ѝ овозможуваат активно да учествува во креирање полтики за млади, и практично да работи на креирање и спроведување на адаптирани и ефикасни стратегии за поддршка и развој, што ќе ги задоволат разновидните потреби на младите; при тоа, една од областите на кои се особено се фокусира е Менталното здравје и себезапознавање кај младите. Во текот на 2020 година, таа станува дел од мрежата на Млади Европски Амбасадори во Западен Балкан, а од 2023 година – Амбасадор за Женско Претприемништво во југоисточниот планински регион. Има учествувано на различни обуки, а како особено значајни за својата работа ги истакнува: „Запознавање со попречености, волонтирање и начини на комуникација“ (август, 2021; КРИК Скопје); работилница на полето на психологија со Доц. Д-р Ана Чучкова на тема „Идентитет“ (март, 2022; Меѓународен Славјански Универзитет); „Методологија за проценка на компетенции ProfilPASS за млади – започни ја својата кариера! во процес на советување на млади од ранливи категории” (септември, 2023; Сојуз за младинска работа и Центар за доживотно учење). За повеќе информации за професионалното искуство на Ана Марија Јованова, погледнете ја кратката биографија. |
Контакт | anamarijajovanova188@gmail.com тел: 078 606 042 |