Едукативни електронски ресурси за разноврсност

Со поддршка на Регионалната младинска канцеларија за соработка (РИКО – RYCO), Сојуз за младинска работа започна со спроведување на проект за развој на едукативни електронски ресурси за разноврсност, под назив DEEP – Diversity Educational E-Resource Project. Проектот се спроведува во партнерство со организацијата Балкан Идеа од Србија.

Со проектот на младинските работници им се овозможува пристап до модерни и креативни ресурси што ќе го поддржат развојот на нивните капацитети за користење на различни, иновативни и креативни форми и алатки за вклучување на младите во процеси на меѓукултурно учење. Со тоа ќе се зајакнат компетенциите на младинските работници и ќе се подобри регионалната соработка меѓу младинските работници, а ќе се подобрат и квалитетот и влијанието на идните проекти во полето на меѓукултурно учење со млади во регионот. Како резултат од проектот ќе бидат објавени два финални продукти:

  1. електронски (онлајн) курс за младински работници за користење на разновидни и разноврсни форми, пристапи и алатки за вклучување на младите луѓе од Западен Балкан во меѓукултурно учење
  2. игра која може да се користи со млади луѓе на тема меѓукултурно учење

Во рамки на проектот предвидено е пилотирање на двата продукти со целните групи – младински работници и млади луѓе од Северна Македонија и Србија. Двата продукти ќе бидат објавени на три јазици: македонски, српски и албански. Продуктите ќе бидат јавно презентирани на младински организации, младински работници и други заинтересирани чинители на два јавни настани. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Регионалната младинска канцеларија за соработка во висина од 14.340 евра.